ВРЕМЕ Е ЗА ФИЛМ: 8 најдобри филмови за 2018 г.
Во 2018-тата се излегоа голем број филмови за
тинејџери. Поголемиот дел од нив наидоа на навистина одлични критики по нивното
премиерно објавување.
Во продолжение проследете кои ги издвоивме како најдобри:
8. Life of the Party
Џилијан Џејкобс, Адрија Арјона и Мелиса Маккарти се дел од актерската екипа од овој филм, за само неколку месеци стана омилен помеѓу тинејџерите.
7. Blockers
Овој филм изобилува со урнебесно смешни сцени, кои ќе ви помогнат да заборавите на училишните проблеми.
6. Every Day
Ова е најкреативниот тинејџерски филм. Спред тематиката повеќе ќе им се допадне на девојчињата, но зошто да не го изгледаат и момците?
5. Midnight Sun
Овој филм е сличен на „Every day“, но е на едно посериозно ниво.
4. Forever My Girl
Сите кои сакаат да станат познати музичари, задолжително нека го погледнат филмов. Во него ги има сите позитивности, а богами и негативности од бурниот живот.
3. When We First Met
Преку патување низ времето, до совршен „дејт“. Оваа интересна приказна која како ќе ве задржи приковани пред екраните.
2. Please Stand By
Овој филм носи силна порака, а не ни чудо, бидејќи истиот е котиран на второто место од тинејџерите ширум светот.
1. Love Simon
Доколку сте расположени да ги тргнете сите предрасуди околу себе, погледнете го филмов, ќе ви помогне.