Време е за матура: Средношколците од Србија добија матурска забава на отворено
Минатата година матурските прослави беа откажани и матурантите смислуваа различни начини преку кои ќе го прослават завршувањето на една етапа од нивниот живот.
Годинава се уште за сигурно не се знае како ќе биде ситуацијава, барем во нашата земја, но во некои земји веќе се олабавуваат мерките и се дозволуваат забави на отворено и без маски.
Во Србија се уште не важи одлуката за неносење маски на отворено и јавни собири, но Министерството за образование испрати барање до Кризниот штаб да ја разгледа можноста учениците да ја прослават матурската вечер во училишниот двор, како и претходните години, рече министерот Бранко Ружиќ, додавајќи дека е подобро да се дозволат вакви собири во тие услови, отколку учениците да организираат по сопствена иницијатива.
Со олеснување на мерките и смирување на епидемиолошката состојба, во Србија почнува да се овозможува организирање на матурска прослава, но и екскурзии и часови во природа - под одредени услови.
Максимум 100 студенти во ресторанот, без играње на подиумот
- Може да се соберат најмногу 100 гости, нема играње на подиумот, а некои ресторани бараат присутните да бидат вакцинирани, а некои не - вели Виолета Недеjков, сопственик на една од агенциите што организираат прослави: „Интересот е голем“, вели таа, пренесува „Večerenje novosti“.
Во меѓувреме средношколците од Зрењанин организираа дневна забава за прослава на матура.извор:telegraf.rs/blic.rs/večerenje novosti