Време за целосно опуштање и грижа за себе: Панорама Хотел & Спа во Крушево

Време за целосно опуштање и грижа за себе: Панорама Хотел & Спа во Крушево

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Имате потреба за да се смирите и да се одморите? Сакате да земете здив од ноќните забави?

Тогаш идеалниот решение за вас е спа центарот на Панорама хотел во Крушево. Воедно ќе може да направите „кул“ фотки за социјалните мрежи или пак видеа, со кои ќе ги заинтригирате вашите следбеници.

Сместен, како дел од хотелот, над самиот град, спа центарот располага со внатрешен базен кој нуди фантастична панорамска глетка кон Крушево и стаклен покрив кој овозможува постојан видик на небото.

Спа центарот е опремен со хидраулични лежалки, џакузи, топли лежалки и финска сауна.

За целосно опуштање, можете да изберете од различните видови масажи: релакс масажа, спортска, медицинска, масажа на стапала и масажа на лице.

За нега на вашето лице и тело, уживајте во третманите со врвната козметика БАБОР за третирање на лице со алги, salt aroma grow третман на тело, лифт експрес третман на лице, Клеопатра третман на тело или витамински коктел за зацврстување и заштита на кожата.

За иновативна нега на кожата, хидрирање и релаксација ви ги препорачуваме масажите со масла од канабис.

CBD третманот придонесува за регенерација и заштита од предвремено стареење на епидермот, додека антицелулитниот третман со гел од канабис ги намалува масните наслаги, ја подобрува циркулацијата и прави лимфна дренажа.

Заслужувате време за себе, а сега го  знаете и идеалното место за  тоа. Спа центарот е достапен за користење со закажување тука, а е слободен за користење за гостите од хотелот. 

* ПР - објава

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: