Времеплов: Која е првата објава на Инстаграм на младите македонски ѕвезди?

Времеплов: Која е првата објава на Инстаграм на младите македонски ѕвезди?

Објавена во: Stars // Музика

Горе - долу на секој тинејџер Инстаграм е омилена апликација. Споделувањето на фотографии и видеа, како и Инста приказните се главна преокупација на секој еден, но никако не смееме да го забораме следењето на омилените ѕвезди.

Затоа, ние решивме малку да ве потсетиме, односно да ве навратиме во минатото. Издвоивме неколку профили од младите македонски музички ѕвезди и „скролнавме“ до крајот на нивниот профил. Сето тоа го направивме за да ве потсетиме на првите нивните Инстаграм објави.

Како изгледале пред неколку години и дали се тие да нивниот прв пост, погледнете во продолжение:

# Антониа Гиговска

Првата фотографија на Инста профилот на оваа пејачка е фотографирана за време на одржувањето на Евровизија, во годината кога нашата држава ја претставуваа Eye Cue.

# Мартија Станојковиќ

Оваа пејачка својот прв пост го посвети на црвениот кармин. Станува збор за селфи кое е направено во 2016 година.

# Трајче Ѓоргиев

Првиот пост на Трајче е од 2015 година. На фотографијата тој позира седејќи во удобна фотелја покрај камин.

# Мина Блажев

Тука станува збор за блиско минато, односно за фотографија од минатото лето. На истата Мина позира во парк.

# Лина Пејовска

Поразлична од сите, првиот пост на Лина е всушност видео. На него има исечок од вестите на националната телевизија, на кои се зборува за нејзиното учесто во „Ѕвездичките на Пинк“.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: