Врската мајка - ќерка: Што девојките најдобро учат од своите мајки?
Секое дете има поинакви и единствени потреби. За различните потреби помеѓу женските и машки деца, мајката, психотерапевката и блогерка Jaimee Troyer напиша на својот блог дека во родителството често се слуша за „посебната вркса помеѓу татковците и ќерките“. Но, врската помеѓу мајките и ќерките исто така има свои убави страни и предизвици, а како што вели таа некои работи девојките сепак најдобро ги учат од својата мајка.
Еве што според неа секоја девојка треба да научи од мајка си:
# Дека мајката верува во неа
На ќерките треба да им се влева самодоверба и важно е додека се млади, да чувствуваат дека моќе целиот свет да го освојат, бидејќи инаку нема доволно да веруваат во себе.
# Да добие потврда дека нејзината вредност доаѓа одвнатре
Растењето и созревањето во денешно време може да биде брутално, а социјалните мрежи отвараат цели нови светови со лажни вредности, очекувања и стандарди кои никогаш нема да бидат исполнети. Секоја ќерка треба да се гордее на себе како личност, дека е убава и дека љубовта од нејзината мајка е безусловна.
# Да научи како да биде свесна и да се грижи за себе
Тоа ќе ја научи да биде здрава и ментално и емоционално, а начинот на кој ја обликува самосвесноста е кога мајката и зборува за своите емоции.
# Преку примери да дознае како да се почитува себе
Тоа мајките не го применуваат, но ќерките често ги следат: како се однесуваат, како постапуваат кон другите и како се однесуваат кон себе. Ќерката мора од мајката да научи како да се почитува себе.
# Да поминуваат заедничко време
Времето е драгоцено и затоа одете со мајка си на заеднички прошетки и што е можно повеќе време поминувајте заедно. Поставувајте и прашања, слушајте ја и дајте и до знаењето дека ја слушате.
# Простор за грешки
Ова можеби е еден од најпредизвикувачките задачи, бидејќи ниту една мајка не сака да го гледа своето дете како оди по опасни патеки и како греши.
# Да зборувате позитивно за себе и научите како да го правите тоа
Кога зборувате нешто негативно за себе, вашата мајка секогаш ве поттикнува да кажете и три позитивни работи за себе. Тоа помага за да ја зајакнете важноста за позитивното мислење за сбее.
# Да знаете како да кажете „НЕ“
Вашата мајка секогаш ве учи да научите да кажете „НЕ“, односно тоа го прави за да знаете кога да ставите граница и да се заштите себе си.