Врската со Џастин ја направи несигурна: Селена Гомез откри дека не им верува на луѓето

Врската со Џастин ја направи несигурна: Селена Гомез откри дека не им верува на луѓето

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Селена Гомез во раната младост се уживаше во популарноста и големата љубов, а здравјето константно ѝ висеше на конец, додека љубовта ја доведе до дното. Со популарноста исто така како да не е задоволна и размислува за тоа да се повлече од музиката, но она што најмногу ја уништи е секако романсата со Џастин Бибер. Пејачката за „Вог“ признава дека повеќе не ѝ е пријатно, бидејќи нема доверба во луѓето и не може да се впушти во врска.

Селена вели дека нејзиниот недостаток на доверба е причината зошто е сингл откако раскина со Џастин: „Никако не можам да запознаам некој и да знам дека му се допаѓам поради тоа што сум. Да биде најискрена, би сакала да започнам одново. Би сакала да бидам нова, некој да ме сака како да сум нова личност“ - признава Селена.

На Селена ѝ е дијагностицирано и биполарно пореметување, а таа признава дека ѝ е многу полесно откако знае дека и тоа е еден конкретен проблем. Таа призна и дека поради Џастин одела на психотерапија: „Морав да побарам професионална помош, а кога почнам да мислам на својот личен живот, се прашав што правам со својот живот и така се вртев во круг со мислите“ - зборуваше таа.

Еден начин за Селена да биде здрава е одбегнувањето на социјалните мрежи: „Едно утро отворив Инстаграм како и секоја млада личност и веќе ми се слоши. Се уморив од гледањето во туѓите животи, уморна сум од гледањето на грозни работи“ - вели пејачката, која очигледно го презира Инстаграм.

Иако Селена изјави дека нејзиниот следен албум би можел да биде и последен бидејќи е разочарана, денес светот го слуша нејзиниот најнов проект, EP на шпански јазик, „Revalacion“. EP содржи седум песни и сигурно е дека сите седум ќе успеат да ве развеселат, бидејќи сите имаат пријатен латино ритам и разиграни приказни. 


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: