Вртоглава сума на пари за учеството во жирито: За колку пари Цеца ја менува Карлеуша во „Ѕвездите на Гранд“?

Вртоглава сума на пари за учеството во жирито: За колку пари Цеца ја менува Карлеуша во „Ѕвездите на Гранд“?

Објавена во: Живот // Живот

Иако веќе поминаа две емисии од новата сезона во која дел е и Светлана Цеца Ражнатовиќ, сепак никако не стивнуваат коментарите на оваа тема...

Веста за доаѓањето на Светлана Цеца Ражнатовиќ во жирито на „Ѕвездите на Гранд“ предизвика голема помпа во јавноста, а дека пејачката се договорила за сè што ѝ одговара, докажува и средбата што ја имаше со Саша Поповиќ во неговата вила на Безанијска коса, каде што имаа долга средба.

Ражнатовиќ се согласила да седне во столот на жирито за 200.000 евра по сезона.

Фолкерка потпишала тригодишен договор, што значи дека за тој период ќе заработи дури 600.000 евра.

Меѓутоа, бидејќи со доаѓањето на Цеца се очекува да скокне гледаноста, таа потпиша поразличен договор од другите членови на жирито, и доколку продукцијата го надмине очекуваното, во тој случај сумата што ќе ја добие ќе биде повисока за дури 30 проценти.

„Цеца потпиша договор што беше направен многу прецизно, така што не може да биде нејасна ниту една мала работа. Поповиќ ги понуди најдобрите услови за таа да го прифати ангажманот, а знаеше дека тоа нема да биде мала сума“ - вели изворот и потоа откри детали од нивната средба: 

„Цеца отсекогаш верувала во Саша дека е човек од збор, што и е исклучително важно во бизнисот. Исто така, договорот е таа да се претстави во ново светло“.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: