Вртоглава заработка на познатите од „OnlyFans“: Која ѕвезда заработува најмногу?

Вртоглава заработка на познатите од „OnlyFans“: Која ѕвезда заработува најмногу?

Објавена во: Мода // Moj стил

„OnlyFans“ на некои многу добро им помага во зголемувањето на банкарската сметка...

Иако ТикТок стана најпопуларната социјална мрежа минатата година, на една популарноста исто така и порасна повеќе од вообичаено, а тоа е „OnlyFans“. Оваа платформа сепак не е баш за секој, но е место каде што се заработува вртоглава сума на пари.

„OnlyFans“ постои од 2016 година, но никогаш не била популарна како што стана во последно време. Замислена е како место каде обожавателите ќе плаќаат месечна претплата за да ги гледаат ексклузивните содржини на своите омилени познати личности и инфлуенсери. Но, нејзината примарна функција сега е малку поинаква. „OnlyFans“ стана место на кое најчесто познатите личности и инфлуенсерите покажуваат малку повеќе, но не од животот, туку од телото. Иако има и исклучоци, такви кои ја користат како што е замислена.

Бидејќи светот го погоди пандемија, се бараа различни начини за дополнителна заработка, а оваа страница на многу познати личности им се виде како добра идеја и кај некои навистина им стана добра деловна идеја, бидејќи цифрите кои ги заработуваат на месечно ниво се луди. „OnlyFans“ работи на принцип по кој корисниците поставуваат месечна претплата на нивните содржини на своите претплатници. Колку некој ќе може да заработи зависи и од тоа колку е популарен на останатите социјални мрежи. Иако со „OnlyFans“ секогаш се поврзуваат експлицитни содржини, некои познати личности, како Карди Би, воопшто не објавуваат голи фотографии, а заработуваат милиони долари месечно.

Други корисници на оваа платформа со обожавателите споделуваат нова музика, видеа од тоа како изгледаат снимањата на спотовите и различни други ексклузивни материјали кои не ги објавуваат никаде на друго место. Кои се познатите кои заработуваат најмногу на оваа платформа? Еве како изгледа листата од топ 7 и кој е на врвот со заработката со над 20 милиони долари месечно:

# Пиа Миа - 2.404.142 долари месечно

# Ерика Мена - 4.865.419 долари месечно

# Миа Калифа - 6.953.664 долари месечно

# Тајга - 8.334.362 долари месечно

# Карди Би - 10.117.354 долари месечно

# Бела Торн - 12.738.587 долари месечно

# Блек Чајна - 21.791.195 долари месечно



Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: