Втора смрт на великан во еден ден: Почина актерот од познатата серија „Жица“
Веста за смртта ја објави полицијата, истрагата е во тек...
Познатиот актер од ТВ серијата „Жица“, Мајкл К.Вилијамс почина на 54 -годишна возраст, објави њујоршката полиција, пишува Skynews.
Полицијата го пронашла мртов во неговиот дом во Бруклин, во понеделникот околу два часот, според американско време.
Истрагата е во тек.
„Со големо жалење, семејството ја објави веста за смртта на актерот номиниран за наградата Еми. Тие бараат приватност за да ја оплакуваат неговата смрт“ - изјави неговиот долгогодишен соработник за односи со јавноста.
Продуцентот Џејмс Ган му оддаде почит опишувајќи го како една од најнежните души што некогаш ги сретнал.
„Покрај тоа што беше еден од најталентираните актери, тој беше и една од најљубезните, најмилите, најнежните души што сум ги сретнал. Веста ми го крши срцето. Јас сум во мислите со сите што го сакаа.“
Michael K Williams, in addition to being one of the most talented actors around, was also one of the kindest, sweetest, most gentle souls I’ve ever met. This is heartbreaking. My thoughts are with all those who loved him.
Мајкл К.Вилијамс ќе остане запаметен по улогата на Омар Литл од споменатата серија „The Wire“ („Жица“). Тој исто така беше дел од филмската екипа во хитови како „Assassin's Creed“, „Robocap“, „12 Years of Slave“, „Hulk“, „Ghostbusters“…
Претходно во текот на вчерашниот ден медумите ја пренесоа и веста за смртта на големиот француски актер Жан Пол Белмонд.
фото: Profimedia/Rob Latour / Shutterstock Editorial