Втората ќерка на Милена Антовска наполни 1 годинка: Вчера правеле и крштевка

Втората ќерка на Милена Антовска наполни 1 годинка: Вчера правеле и крштевка

Објавена во: Совети // Семејство

Јоана, втората ќерка на водителката на утринската програма на Канал 5 телевизија, Милена Антовска вчера наполни годинка. Пред една година на големиот христијански празник Василица водителката го роди своето второ дете.

А вчера во кругот на најблиските тие го прославиле роденденот, но и направиле крштевка. Со неколку фотографии од славеничката, но и од семејството Милена убавите моменти ги сподели на социјалните мрежи.

„Вчерашниот ден беше еден од најубавите во мојот живот. Јоана наполни една година и ѝ правевме крштевка. Им благодарам на сите наши блиски луѓе што дојдоа и направија денот да биде уште попрекрасен.
Благодарност до Огнен Здравковски што направи најдобра атмосфера за еден од нашите најважни моменти во животот“, напиша водителката покрај објавата.





Фото: Инстаграм - Фејсбук

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: