Второ место на купот по уметничко лизгање: Селдо помеѓу најдобрите машки јуниори во Италија
Селдо Салиу е 15 - годишното момче од Ростуша, за кое изминатите денови не престана да се зборува. Тој на 1 - ви овој месец за првпат се натпреваруваше во уметничко лизгање како претставник од нашата држава.
Иако досега учествувал на 44 натпревари и 18 пати го освојувал првото место, ова првпат да ги брани боите на Македонија.
Во Италија на пријателскиот куп, во категоријата слободно лизгање - машки јуниори, Село го освои второто место. Овој успех ги направи сите горди, со надеж дека истиот ќе се зголеми во иднина.