Второ самостојно појавуање во јавноста на принцезите Леонор и Софиа: Носеа сандали кои и нивната мајка, кралицата Летиција обожува да ги носи на фустан (ФОТО)
Нивната мајка, шпанската кралица Летиција е позната по својот беспрекорен стил, а принцезите Леонор (16) и Софиа (15) со секое јавно појавување докажуваат дека барем на моден план успешно ги следат стапките на својата мајка.
Сестрите во неделата го посетија музејот на Салвадор Дали во провинцијата Жирона, а нивниот моден избор го привлече вниманието на јавноста.
Престолонаследничката, принцезата Леонор беше облечена во црвено-бел фустан од шпанскиот бренд Манго. Миди фустанот со цветен дезен со „пуф“ ракави и ремен што се вади, е дел од новата колекција на модниот бренд.
Нејзината помлада сестра Софиа носеше мини фустан со долги ракави од брендот „Claudie Pierlot“, кој се продава по цена од 299 фунти.
Двете девојки своите фустани ги имаа искомбинирано со еспадрили со платформа. Едната девојка носеше бел, а другата црно-бел модел на сандали, кои и нивната мајка обожува да ги носи на разни настани во топлите денови.
Инаку, ова на девојките им беше второ заедничко појавување во јавноста без родителите. Во јули 2021 година, заедно со група други тинејџери, садеа дрвја во заштитеното шумско подрачје во Мадрид.
фото: Profimedia