WhatsApp е хакиран: Прочитај ги новите, но и стари пораки без да влегуваш во разговорот
Ова е новина, но за жал не е и нема ни да биде достапно за сите корисници на апликацијата
Секој може да има некоја своја причина поради која не сака одредена личност да види дека пораката му е причитана. Секако, со WhatsApp тоа е лесно да се изведе, со оглед на тоа дека можеш само да ја повлечеш нотификацијата која ти доаѓа и да ја прочиташ целата порака без да кликнеш на неа, но единствено така не можеш да ги видиш и постарите пораки во истиот разговор. Тоа е некогаш неважно, но некогаш е навистина потребно.
Не е необично некогаш да не сакаш да одговориш веднаш на пораката која ти стигнува, но радозналоста не ти дава мир и сакаш да ја прочиташ, без да направиш „син“ на личноста. На WhatsApp тое не е проблем, но постои проблем доколку сакаш да ја прочиташ пораката која ти е стигната, како и неколку постари пораки пред неа. Изгледа дека сега и тоа е можно. Но за жал, ова нема да може да го прават сите. Се зависи од тоа каков мобилен телефон имаш. Овој „хак“ ќе може да го искористат само корисниците на iPhone и тоа новите модели. Тие модели имаат опција која е наречена „3D Touch“.
Доколку стиснеш на разговорот со одредена личност и задржиш, на екранот ќе го добиеш приказот на разговорот, без да се појави „син“. Вака нема да можеш да го погледнеш целиот разговор, но ќе можеш да ги погледнеш последните 10 - 12 пораки. И тоа е нешто. Единствено внимавај, доколку не си внимателен ќе ти се отвори разговорт и ќе ти се појави „син“, а ти сакаш да го одбегнеш. Кога ќе прочиташ, едноставно тргни го прстот и разговорот ќе исчезне од екранот и ќе те врати на почетната страница на апликацијата.