WhatsApp има новина во испраќањето пораки: Новата опција е одлична за кога ќе сакате да споделите тајна
Ќе ја користите ли?
Опцијата „исчезнување на пораките“ на Инстаграм се појави пред некое време, а сега ќе ја има и на WhatsApp. Ова е навистина кул кога ќе сакате да разговарате со некој за нешто тајно што другите не треба да го знаат.
Кога ќе ја користиш опцијата „disappearing messages“, пораките кои му ги испраќаш на некој ќе исчезнат сами за 7 дена. Како никогаш да не постоеле. За ова се зборуваше веќе некое време, а сега е конечно тука. WhatsApp сподели и упатства за како да ја користите оваа нова опција. Би можело добро да ви дојде, а дури и да немате нешто екстра тајно за да го споделите со некој, едноставно е забавно. Оваа опција можеш да ја користиш и во разговорите со една личност, како и во групните разговори. Во групните разговори ќе има проблем во тоа што админот на тој разговор ќе може да вклучи/исклучи оваа опција, а останатите членови не. Кога ќе ја вклучиш, се што ќе испратиш ќе исчезне.
Оваа опција нема да влијае на поранешните пораки, како ниту на оние кои подоцна ќе ги испраќаш. На нив нема ништо да им се случи. Кога ќе се појави оваа опција, се уште не е познато, но би требало да биде во следните неколку недели. Ќе биде едноставно нејзиното вклучување, само ќе треба да го отвориш разговорот со личноста со која сакаш, да кликнеш на името на таа личност и да ја одбереш опцијата „disappearing messages“, ја вклучуваш и тоа е тоа. Кога ќе посакаш да ја исклучиш, го правиш истото. Не може да биде поедноставно.
Постои само еден проблем. Кога некој ќе ја проследи со некој друг пораката која треба да исчезне, а ја нема вклучено оваа опција, тогаш пораката ќе остане во тој разговор. Истото се случува и со фотографиите. Доколку испратиш фотографија со оваа опција таа ќе исчезне, но ќе остане во телефонот на личноста која ја имаш испратено. Затоа од WhatsApp препорачуваат сепак да се внимава што испраќаме и на кого, бидејќи не знаеме дали тој некој ќе ја проследи понатаму пораката. Особено е важно доколку станува збор за содржина која навистина не сакаме да ја види некој друг.