WhatsApp ќе престане да работи на старите телефони: Најновата верзија носи три големи промени
Платформата за комуникација WhatsApp на своите корисници, кои ги има во милионски број ширум светот, со последните ажурирања нуди три нови промени.
Потсетниците, повиците на чекање и дополнително управување со групните разговори се најважните промени на оваа верзија која компанијата чиј сопственик е Фејсбук ја објави минатата недела, јавува шкотскиот весник Daily Record.
Во согласност со Договорот за партнерство со популарната апликација Any.do кој е постигнат минатата недела, WhatsApp сега нуди можност на корисниците да креираат и примаат потсетници.
За да ја користат оваа функција, корисниците мораат да имаат профил на двете платформи и да ги поврзат. Тогаш може да поставуваат потсетници кои треба да ги потсетат и да го дефинираат временскиот период.
Благодарејќи на последното ажурирање корисниците ќе бидат во можност да добијат известување за повик додека разговарале со некој друг. Претходно, апликацијата не ги известуваше корисниците за другиот повик. Сега корисниците може да ги прифатат или одбијат новите повици кои ги примаат за време на друг разговор.
Корисниците на WhatsApp сега може да контролираат кој ќе ги додаде во групни разговори и да избегнат да бидат додадени во групи во кои не сакаат да бидат дел.
Исто така може да ја одберат опицијата „сите, мои контакти, мои контакти освен...“, во согласност со подесувањето на приватноста. Останатите ќе може единствено да испраќаат покана за група, која корсникот може да ја прифати или одбие.
Освен тоа, апликацијата за комуницирање по последните денови од оваа година нема да работи на старите модели на „смарт“ телефони.