WhatsApp воведува уште една новина: Сега ќе може да одберете кој смее да види дали сте достапни

WhatsApp воведува уште една новина: Сега ќе може да одберете кој смее да види дали сте достапни

WhatsApp воведува уште новини за своите корисници...

WhatsApp е една од оние социјални мрежи за која не постои личност која не слушнала или не знае за што станува збор. Во склоп со тоа и со фактот дека брои повеќе од 2 билиони корисници, често доаѓаат новите и нови верзии на оваа популарна апликација, со цел олеснување во користењето за големиот број активни корисници. 

Така WhatsApp сега воведува и нова опција која веќе кај следното ажурирање, односно кај следната нова верзија, ќе биде достапна за сите корисници, а моментално истата се тестира. Станува збор за опција која е поврзана со „last seen“, односно, последен пристап на WhatsApp. Имено, досега корисници можеа да одберат оваа опција, односно кога последен пат биле онлајн да ја видат сите или само нивните контакти или никој.

Од сега од своите контакти ќе може да одберете кој може да гледа дали сте онлајн и кога последен пат сте биле, но ќе имате опција да ја сокриете и профилната фотографија и статус на профилот. Односно, сега и од своите контакти ќе може да ги одберете оние за кои сакате или не сакате да ги гледаат вашите приватни информации. Некои се воодушевени од оваа нова опција, додека други се потполно разочарани и сметаат дека тоа е веќе малку претерено и дека е неважна работа за која никој не се грижи.

фото: Nadir Keklik / Shutterstock

Можеби ќе ве интересира: