За да го заштити менталното здравје: Селена Гомез откри колку долго не користила Интернет и социјални мрежи

За да го заштити менталното здравје: Селена Гомез откри колку долго не користила Интернет и социјални мрежи

Објавена во: Stars // Музика

Селена одлучи да направи голем чекор за своето ментално здравје..

Можеш ли да замислиш барем еден ден од својот живот без да користиш Интернет? И тоа за било кој цел! Како Интернетот, така и социјалните мрежи, бидејќи и тие се дел од него. Епа, Селена Гомез може. Ги шокираше сите кога откри колку долго не користела Интернет.

Иако Селена има многу следбеници на социјалните мрежи, изгледа дека објавите не ги става сама, туку дека тоа наместо неа го прави некој друг. Во вчерашното гостување во емисијата „Good Morning America“, Селена откри дека се откажала од Интернетот во корист на своето ментално здравје. Откако не користи Интернет и социјални мржеи, животот во потполност ѝ се промени и е многу посреќна.

Ужива во сегашниот момент, повеќе се дружи со луѓето и чувствува дека животот и е понормален. Иако е светски популарна ѕвезда. Потоа кажа колку долго не користила Интернет и навистина ги шокираше сите со таа информација. Четири и пол години. Ова навистина е изненадување, бидејќи Селена е 5-тата најследена личност на Инстаграм. Меѓутоа, вели дека Инстаграмот не бил добар за нејзиното ментално здравје и дека ја нема апликацијата во својот мобилен телефон барем 3 години.


Порано многу се фокусирала на коментарите под објавата и им дозволувала на непознатите луѓе да влијаат на нејзиното расположение и самодоверба. Поради хертерските и прокативни коментари запаѓала во депресија и сфатила дека тоа не ѝ е потребно во животот. Иако редовно можеш да видиш објави од неа на социјалните мрежи, немој да заборавиш дека Селена е позната ѕвезда и дека има луѓе кои се занимаваат со нејзините социјални мрежи. Како што е случај и со многу други познати личности, бидејќи најчесто не се тие оние кои ги ставаат објавите.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: