За да им донесе среќа замина на Евровизија: Марија Шерифовиќ откри како „Ураганките“ се подготвуваат за вечерашниот настап
Доколку ја следите евровизиската победничка на Србија на социјалните мрежи сигурно знаете дека таа веќе е во Ротердам, градот во кој оваа недела се одржува најголемиот музички настан во Европа - Евровизија.
Марија Шерифовиќ не замина таму за да пее, туку за да им донесе среќа, но и да им биде поддршка на овогодинешните претставнички на Евровизија на Србија, девојките од женската група „Hurricane“.
Со оглед на нејзината нова професија, јутјуберството, Марија денес го објави првото видео кое го сними во Ротердам, а во него открива како српската делегација се подготвува за вечерашното полуфинале. Освен вообичаените подготовки, пејачката откри и како се забавуваат и како го поминуваат слободното време во земјата на лалињата.
Видеото на Марија може да го погледнете во продолжение: