За Дамиано Давид страдаат жени ширум светот а тој најемотивните песни ѝ ги посвети на девојката која исчезна
Трагичната приказна за најпопуларниот Италијанец!
Фронтменот на групата „Манескин“, која победи на „Евровизија“, Дамиано Давид, стана популарен поради необичниот начин на облекување, но и поради неговата ексцентричност.
Девојките и жените ширум светот се воодушевени од него, а некои не се откажаа дури и кога се дозна дека тој е во долгогодишна врска со инфлуенсерката Џорџиа Солери.
Сепак, помалку е познато дека пред Солери, Дамиано бил лудо вљубен во Лукреција Петрарка. Тие беа во врска до 2017 година, кога Манескин настапи во италијанската верзија на популарното шоу „Јас имам талент“.Нејзе и пречело тоа што тој стана популарен и дека има обожаватели, секогаш беше придружуван од орда девојки, со кои таа не можеше да се помири.
Лукреција со години се бореше со депресијата, а по раскинувањето, таа исчезна од социјалните мрежи. Извори блиски до Давид тврдат дека тој напишал некои од неговите песни само за неа.
Foto: Profimedia