За девојки кои мразат фустани: Елегантна комбинација на Дуа Липа која ќе послужи како инспирација за дочекот на Нова година (ФОТО)
Не мораш да бидеш во фустан за да бидеш елегантна, можеш да заблескаш и во ефектно одело...
За многу дами вечерите, свечените настани или ноќни забави се прилика за вадење на фустаните од плакарот.
Но, што е со девојките кои не поднесуваат фустани и во нив не се чувствуваат удобно? Каква е алтернативата?
Златно правило е доколку во нешто не се чувствуваш неудобно, немој да го носиш тоа. И да ти стои убаво, ниту на другите нема да им изгледаш најдобро, додека изгледаш подгрбавено и несигурно.
Зошто да не се одлучиш за костим? Костимите веќе долги години не се резервирани исклучиво за во канцеларии и деловни состаноци, туку се носат и во секојдневни пригоди, на цврвените килими, на свадби и за вечерни забави. Предимензионирате сакоа може да бидат многу женствени, а во дневна варијанта можеш да ги искомбинираш со било каква маица или кошула, додека на вечерните излегувања можеш да го искомбинираш со свилен кроп топ.
Дека костимот може да биде елегантен и моќен избор, докажа дека Дуа Липа овој викенд на доделувањето на наградите „Hitmakers 2022“, кои ги огранизира медиумската куќа „Variety“. Дуа на настанот присуствуваше во сив предимензиониран костим на линии, а модната комбинација ја заокружи со масовен ѓердан, повеќе прстени на прстите и мали црни очила за сонце.
Ваквите или слични модели на костими може да бидат совршен избор за празничните прослави. Па еве, ако те мачи прашањето што да обелечеш за дочекот на Новата година, инспирирај се од Дуа Липа.
фото: Принтскрин / Инстаграм