За еден час ќе заработи 6 милиони долари: Џастин Тимберлејк се враќа на сцената
Џастин Тимберлејк за еден час на сцената ќе заработи над шест
милиони долари бидејќиќе пее на отворањето на казино-хотел во Лас Вегас, По цели 4 години, за познатиот
поп-пејач ова ќе биде прв настап во живо.
Миниконцертот е закажан за 13 декември, пренесуваат странските медиуми.
Имено, поп-ѕвездата последен пат настапи во живо во април 2019 година, во Анкасвил, Конектикат, САД, на последниот концерт од турнејата под наслов „Man Of The Woods“ по истоимениот албум. Неговото враќање на музичката сцена беше најавено и со новата песна „Keep Going Up“,создадена во соработка со Тимбаленд и Нели Фуртадо, по нивниот заеднички хит „Give It To Me“ од 2007 година.
Фото:youtube/screenshtot