За една вечер трошат по 10.000 евра: Како живеат најбогатите ќерки од Србија? (ФОТО)

За една вечер трошат по 10.000 евра: Како живеат најбогатите ќерки од Србија? (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Тие израснале во богатство, не знаат што значи грижата за пари, во секој момент можат да си дозволат што ќе посакаат.

Сигурно сто пати сте се прашале како би било доколку сте родени во богатство, какво е чувството кога не мора да живеете од денес до утре и да се снајдете додека на вашите родители не им стигне платата. Тие дефинитивно никогаш не морале и не мораат да се грижат за тоа.

Ќерките на најбогатите луѓе во Србоја ги следи стереотипот дека сите се исти, дека немаат многу мозок во главата и дека своите пари ги расфрлаат на непотребни материјални работи, како што се чанти од неколку илјади евра, патувања, забави на кои го пијат најскапиот шампањ и кои ги бираат своите партнери само по тоа што доаѓаат од истиот тој свет. Дали сето тоа е така никогаш нема да дознаеме, но сигурно е добро чувството дека ако некоја од нив повторно сака да студира на престижен универзитет во странство, тоа може лесно да си го овозможи, и да тргне во потполно поинаков правец.

Сепак, на сите што барем малку ги следат социјалните мрежи им е јасно дека ќерката на Светлана Цеца Ражантовиќ, Анастасија за една роденденска прослава има потрошено 10.000 евра, како и дека ќерката на Филип Цептер еднаш изјави дека со задоволство би плачела на јахта.

Во продолжение е листата од неколку најпознати ќерки од Србија кои израснале во големо богатство и кои се наследници на сето она што нивните родители го постигнале со многу труд и работа.

# Сандра Митровиќ

Најстарата ќерка на Жељко Митровиќ, сопственикот на „Pink media gruop“ и пејачката Соња Митровиќ, во тинејџерските денови повремено се занимаваше со водителство, но во еден момент се повлече и замина во Америка на студии. Таму дипломираше филмска продукција на познатиот универзитет „Колумбија“ во Њујорк. Србија не ја посетува толку често и не сака да се експонира повеќе. На нејзиниот Инстаграм профил можеме да видиме дека сака да ужива во патувањата.

# Ивана Мишковиќ Кариќ

Ќерката на еден од најбогатите луѓе во Србија - Мирослав Мишковиќ, од својот татко ја има наследено чувството за бизнис, па со текот на времето стана една од најуспешните деловни жени и глава на семејната фирма. Со сопругот Горан Кариќ има хармоничен брак, без турбуленции, децата ги чува далеку од љубопитните очи на јавноста, а својот гламурозен живот го живее далеку од медиумите.

# Ема Цептер

Посвоената ќерка на Филип и Мадлена Цептер не е толку поврзана за Србија, бидејќи живее во Лонон, каде студира психологија. Многу е популарна на социјалните мрежи, а само на Инстаграм ја следат повеќе од 12.000 луѓе.

Често прави видео - приказни за своето семејство и открива на која дестинација ужива во одреден момент. Во ретките интервјуа кои ги дале за српските медиуми, двојката Цептер истакнува дека и покрај богатството се трудат да живеат нормален живот, и дека својата ќерка Ема ја воспитуваат така.

# Дајана Костиќ

Таа е ќерка на познатиот српски бизнисмен Миоград Костиќ и модната дизајнерка Маријана Матеус. Пред 6 години на интимна церемонија во еден хотел во Лондон, таа се омажи за Дамир Ахметов, кој е син на еден од најмоќните Украинци, Ринат Ахметов. Заедничкото богатство на овие две семејства се мери во милијарди.


# Анатасија Ражнатовиќ

Ќерката на познатата српска фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ и Жељко Ражнатовиќ - Аркан, во текот на растењето посетувала британско и музичко училиште. Едно време се занимаваше со моделинг, но потоа заплива во музичките води и објави неколку песни кои станаа хитови. На Инстаграм е многу активна, има повеќе од милион следбеници, кои будно го следат нејзиниот живот.

# Маша Терзиќ

Маша Терзиќ е ќерка на генералниот директор на Црвена ѕвезда и еден од најуспешните фудбалери на овие простори - Ѕвездан Терзиќ. Никогаш не криела дека е главна миленичка во семејството и дека секогаш била во центарот на вниманието. Уште како тинејџерка ја засакала модата, за пред две години да го основа својот моден бренд „mashaxwolf“. Во центарот на внимание дојде кога почна да се забавува со Вељко Ражнатовиќ. Таа врска не траеше долго, а таа денес е мажена и има син. 

# Александра Поповиќ

И покрај тоа што татко ѝ Саша Поповиќ има милиони и важи за едне од најмоќните во светот на медиумите и естрадата, Александра Поповиќ живее скромно и повлечено, а нејзиното име никогаш не го следеле скандали. Познато е дека го напуштила факултетот за да се посвети на сопствениот бизнис, кој нема никаква врска со професијата на нејзините родители. Имено, Александра и покрај можноста да студира каде ќе посака, завршила курс за маникир.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: