За кул фотки на Инстаграм потребна ви е само креативност: Оваа девојка сама создава ремек-дела
Можеш ли да веруваш дека сево ова го прави сама, во својот стан, без ничија помош?
Доколку сѐ уште немаш налетано на Инстаграм профилот на Кимберли Даглас, време е да дознаеш за оваа неверојатна девојка. Нејзините фотографии воодушевија многу корисници, а не е ни чудно, бидејќи сѐ прави сама - од изработувањето на облеката и креирањето на сетот до фотографирањето.
Кога ги гледаме фотографиите на моделите и брендовите за кои се снимаат различни кампањи сето тоа изгледа како нешто што никогаш сами не би можеле да го рекреираме. Или можеби сепак можеме?
Епа, оваа девојка на Инстаграм прави неверојатни фотографии и на сите им покажува дека за кул фотографии потребни се само креативност и неколку дополнителни ситници. Кимберли Даглас или позната по корисничкото име на Инстаграм, @khmberlie има 23 години и постојано воодушевува со своите нови фотографии.
Наместо да направиш уште едно селфи, обиди се со нешто вакво. Кимберли сама во својот стан ги прави сетовите за фотографирање. Од креирањето на модната комбинација, позадина, фотографирање, уредување на фотографии - сѐ прави сама. А, фотографираат ѝ изгледаат како зад нив да стои цел тим на професионалци.
Со секоја фотографија која ќе ја објави, доколку ги погледнеш фотографиите во низата, може да видиш и како го направила сето тоа. За секоја фотографија има и видео или фото чекори како стигнала до крајниот резултат. За да го направите тоа што го прави таа не ви се потребни многу пари, бидејќи може да се купат за малку пари, а сигурно голем дел од материјателите имате и дома.
Ова хоби го започнала бидејќи имала желба да стане модел и да потпише договор со агенција за моделинг, а бидејќи немала пари за професионален фотограф, кој ќе ѝ направи добри фотографии за да го започне своето портфолио, одлучила работите да ги земе во свои раце. Освен тоа, со ова сакала да им покаже и на другите дека за да се добијат поинакви и одлични фотографии не е потребен голем буџет или пак некоја популарна дестинација/локација. Некои од фотографии кои можеш да ги најдеш на нејзиниот профил се инспирирани од фотките на познатите ѕвезди и модели кои ги видила во магазините, но добар дел се и нејзини оригинални идеи. За осмислувањето на идеите ѝ помагаат Пинтерест и филмовите.
За „Инсајдер“ таа раскажа дека освен што прави вакви кул фотки, работи и како доставувач на храна.