За мене ќе бидеш мојот син Раде од „Министерка“: Весна Бејби со емотивни зборови се прости од Славиша Кајевски

За мене ќе бидеш мојот син Раде од „Министерка“: Весна Бејби со емотивни зборови се прости од Славиша Кајевски

Објавена во: Живот // Живот

Денеска, Македонскиот народен театар со јавноста ја сподели тажната вест за трагичната смрт на 39-годишниот актер Славиша Кајевски. 

„Со огромно жалење и неверување известуваме дека нашиот актер Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот. Кајевски е роден на 01 февруари 1982 г, во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Владимир Милчин, во 2005 г. Од 2010 г. е актер во Македонски народен театар – Скопје.

Не остави збунети, во болка и во неверување! Не остави во длабока тага! Остана да замислуваме што уште можеше да направиш во животот, на театарската сцена и пред камерите! Ти секогаш ќе бидеш дел од срцето на театарот и никогаш нема да бидеш дел од некое минато време, туку дел од нас, овде и сега. За оние кои те познаваат, остана празнина во душата и на сцената на МНТ поради твојата сеприсутност на сцената и како верен колега, пријател и човек. Останавме без твојата безрезервна љубов и поддршка, твојата емотивност и грижливост за сите колеги зад сцената.“ - стоеше во соопштението на театарот.

Помеѓу колегите кои се простија од талентираниот актер, беше и актерката Весна Петрушевска Бејби, која со емотивни зборови се прости со нејзиниот театарски син.

„Каков удар сине. Монструизен и подмолен шок. За мене ќе бидеш мојот син Раде од Министерка, те сакам убавецу... одмори се и поздрави ги другарите“ - напиша актерката.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: