За првпат се почувствував како да сум во земја каде кон пациентите со различности се однесуваат адекватно: Ирена Лозана за последното искуство на Кан

За првпат се почувствував како да сум во земја каде кон пациентите со различности се однесуваат адекватно: Ирена Лозана за последното искуство на Кан

Објавена во: Совети // Семејство

Ирена Лозана е жена која носи многу инспиративна приказна со себе. Сопруга и мајка на три деца, со животна адреса во Скопје. Откако на нејзиниот син Кан му е дијагностициран аутизам, нејзината животна мисија се насочува кон децата со нетипичен развој и нивните родители.  Јога за деца со посебни потреби, организирање на „необични забави“, како и проектот „Инклузија плус“, Ирена е дел од сите активности кои ја подигаат свеста на јавноста за проблемот кој го имаат лицата со попреченост, а кој како што вели таа од ден на ден станува сѐ поголем.

На почетокот на оваа година таа за Женски магазин ја раскажа својата животна приказна, а пред некој ден на својот Фејсбук профил сподели статус, кој за кратко време стана вирален. 


Во истиот ја раскажа случката која ја имала со својот син во една од скопските болници. Имено, Кан ја дупнал главата, па морално било да замине на шиење. Стравувајќи од она што ги очекува во болница, биле изненадени од тоа што всушност навистина се случило. Докторите биле превнимателни и со беспрекорно внимание го санирале проблемот на Кан, а изненадената мајка не издржа и јавно ги пофали истите. 

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: