За школарина на девојче: Тејлор Свифт донираше 30 000 американски долари
Teјлор Свифт отсекогаш билa познатa како добра и многу хумана личност, што е реткост кај денешните млади луѓе. Таа секогаш се обидува да помогне колку што може и дава се од себе за сите луѓе на кои им е потребна помош. И овој пат таа покажа колку е хумана со тоа што донираше 30 илјади американски долари на девојче за школарина!
Станува збор за девојче по име Виторија Марио,
девојката одлучила преку Интернет, односно преку веб-страниците да побара
финансиска помош за да може да се запише на колеџ: „Јас сум млада црнкиња, имам
18 години. Добив понуда да студирам математика на еден од престижните
универзитети, но не знам дали би можела да си го озвоможам тоа заради мојата
финансиска состојба. “- искрено зборуваше Виторија.
„Патем, јас сум од Португалија, но веќе 4 години
живеам во Велика Британија со семејството, кои не заработуваат доволно за да ми
овозможат да одам на колеџ, а тоа би било реализација на мојот сон. Исто така,
татко ми, за жал, почина, па мајка ми сега е во Португалија. “- со овие зборови
ја заврши својата молба младата девојка.
Се чини дека Тејлор Свифт ја видела нејзината порака и приказна, па реши да ѝ донира 30 000 американски долари на Виторија за нејзините студии: „Виторија, ја видов вашата приказна на Интернет и воодушевена сум што се обидувате да ги остварите вашите соништа и ќе ви кажам дека јас ќе ви помогнам со тоа. Ти си вистинска инспирација! Исто така, сакам да ти го поклонам и остатокот од сумата за твоето образование. Со љубов, Тејлор “.
Кога ова го видоа обожавателите на Тејлор, веднаш решија дека и тие ќе донираат пари и со тоа ќе ги обезбедат потребните финансиски средства за факултетот на младата Виторија и уште еднаш ќе ѝ покажат колку тие и се големи и верни обожаватели. Браво Тејлор!
Можеби ќе ве интересира:
Обожавателите збунети: Тејлор Свифт и Кети Пери се роднини?