За три години половина милион евра: На што Анастасија Ражнатовиќ заработи вистинско богатство?

За три години половина милион евра: На што Анастасија Ражнатовиќ заработи вистинско богатство?

Објавена во: Stars // Музика

Анастасија Ражнатовиќ заработила околу 500.000 евра за само три години, иако има објавено само 7 песни...

Анастасија Ражнатовиќ е една од најпопуларните млади пејачки на сцената, а секоја нејзина песна е голем хит.

Меѓутоа, иако е убавата пејачка има објавено само 7 песни, може да се пофали дека на нив заработила голема сума на пари.

Поточно, околу половина милион евра и тоа благодарение на Јутјуб и другите стриминг платформи.

Имено, како што пренесува „Курир Старс“, Анастасија од основањето на својот Јутјуб канал на 11 јуни 2018 година до сега само од овој сервис добила скоро 240.000 евра, бидејќи сите спотови ѝ се прегледани нешто помалку од 240 милиони пати. До овој број многу лесно може да се дојде ако е познат фактот дека за еден милион, Јутјуб плаќа околу 1.000 евра. Бидејќи Анастасија својата музичка кариера ја започна кога монетизацијата, т.е. заработката од прегледи беше во полн ек, логично е дека одлично ги уновчила своите прегледи.

Сепак, далеку повеќе се заработува од преслушувањата и симнувањето на музика од останатите дигитални платформи, на кои Анастасија е исто така присутна и многу популарна, па досега, секој пат кога ѝ се појавува нова песна, секогаш била во 100 најслушани во Србија. Цената за милион стримови се движи во просек од 3.000 до 3.500 евра.

На еден од тие стриминг сервиси, Ражнатовиќ има околу 16 милиони стримови за пет песни (Савршен пар, Ране, Готово, Волим те и Извини) или скоро 150.000 редовни слушатели месечно, што значи дека од нив заработила 70.000 евра. Покрај овие, таа има уште две песни - „Хероина“ и „Промашена“, кои исто така, се многу слушани.

Покрај овие две платформи, Анастасија е присутна уште на неколку, кои кај нас се многу популарни и послушани, па со проста математика се доаѓа до заклучок дека ќерката на Цеца за помалку од три години кариера заработила повеќе од половина милион евра, со што не може да се пофалат ни многу поголеми пејачки ѕвезди кои со децении се на сцената. Ова е секако и многу голем успех ако се има предвид дека Анастасија уште не почнала да настапува по клубови.

Сепак, овде треба да се нагласи и деак изведувачот не ја добива комплетната сума од заработката на овие платформи, бидејќи дискографската куќа, односно издавачат добива околу 40 отсто од заработката на прегледи. Сепак, бидејќи Анастасија е екслузивец на дискографската куќа на својата мајка, јасно е дека и овде младата ѕвезда е во подобра позиција од своите колеги. Секако, се подразбира дека на оваа сума плаќа данок, бидејќи сето тоа оди преку официјални сметки во банка, како и одреден процент од заработката оди и на дигиталниот дистрибутер, преку кој музиката се пласира на одредени сервиси.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: