Заборавениот тренд владее оваа сезона: Познатите дами го обожаваат, а сигурно и вие
Кроп топот е „must have“ парче за оваа сезона, а познатите дами имаат предлог како да го носите...
Оваа година ни донесе различни модни трендови - некои стари повторно оживеаја, додека некои сосема нови се појавија. Меѓутоа, многумина не очекуваа враќање на „кроп топот“, односно кратките топчиња кои ја откриваат половината и кои се апсолутно „must have“ парче за оваа сезона.
Својата популарност ја доби во 80 -тите години заедно со фитнес лудилото. Многумина, исто така, го сметаа ова парче облека за одреден симбол на сексуалната револуција, а жените го носеа за да ги покажат плодовите на напорната работа во салите.
Лудилото за топчињата, исто така, се појави во 2003 година, за време на владеењето на Бритни Спирс. Невозможно беше да не се забележи тогашната кралица на танцот во кратките топчиња. Под влијание на Бритни, но и Шакира, кратките топчиња брзо станаа апсолутен тренд.
И кога за малку ќе заборавевме на ова модно патување, кроп -топот се врати со стил. Заслугата може да се припише на тинејџерите на „ТикТок“, но и на популарните членови на семејството Кардашијан кои често го носат ова парче облека. Исто така, многу познати модни куќи вклучија кратки блузи во нивните сегашни колекции.
Муглер, Муи Муи и Шанел вклучија кратки блузи во есенските колекции. Па дури и познатите дами не можат да одолеат на овој тренд.
Дуа Липа, Ким и Кортни Кардашијан, Кајли Џенер, Хејли Бибер и Емили Ратајковски се само некои од познатите дами кои си го обезбедија ова парче облека во своите плакари.