Заборавете на пунџите кои ги носи Бела: Ова лето нешто друго ќе биде популарно (ФОТО)
„Messy“ пунџата во стилот на 90-тите се враќа на сцената...
Залижаната „балерина пунџа“, каква што со задоволство носат Хејли Бибер, Бела Хадид и Кендал Џенер, беше една од најпопуларните фризури во текот на 2022 година.
Жените ширум светот ги обожаваа, иако постојаното носење на таквата фризура не е баш најсреќното решение за влакната на косата.
Но, ова лето можеме слободно да им кажеме збогум на пунџите кои биле апсолутен тренд во склоп на „clean girl естетиката“, бидејќи пунџите на девојките од Лондон во стилот на 90-тите, се апсолутен хит оваа сезона.
Па, какви пунџи носеле девојките од Лондон во текот 90-тите?
На Интернет може да побарате стари фотографии од кралицата на модните писти Кејт Мос или актерката Кира Најтли во периодот кога го снимаше филмот „Love Actually“ и сѐ ќе ви биде веднаш јасно.
Станува збор за „messy“ пунџа која изгледа како да е природно исушена и како да е случајно извлечена. Патецот во никој случај не е на средина, туку малку на страна, што додава доза гламур на оваа, на прв поглед неуредна пунџа.
Ваквата нескротлива коса е целосна спротивност на совршено исправените прамени и исфенираната холивудска коса, залижана во совршена мазна пунџа.
Оваа фризура ќе биде идеална за оние девојки кои имаат степенаста фризура, за да можат да остават прамен за врамување на лицето.
Трендовите за рециклирање од 2000-тите се насекаде, а оваа фирзура се појавува како дел од естетиката „Frazzled English Woman“, која ја копира модната изјава на омилените филмски хероини со британски акцент, кои се појавија во култните романтични комедии од почетокот на овој милениум.
фото: Принтскрин / Инстаграм