Заборавете на ТикТок и Кајли Џенер: Овие ученици имаат одлична иницијатива
„Зачувај го цветот за летот на пеперутката!“
За да преживее светот и луѓето во него, инсектите играат огромна улога. Токму ние, луѓето, ги уништуваме нивните места за живот. Преголемото косење на зелените јавни површини во Загреб ги уништуваат домовите на корисните инсекти, кои се неопходни за одржување на биолошката разновидност. Пеперутките, пчелите, бумбарите, осите... се само некои од инсектите кои ја одржуваат природната рамнотежа, а кои се загрозени доколку им се уништуваат ливадите. Поради тоа учениците од две основни училишта од Загреб - ОУ „Пречко“ и ОУ „Никола Тесла“, одлучија да направат нешто по тоа прашање. Започнаа со петиција под назив „Зачувај го цветот за на пеперутката летото!“, преку која сакаат да ја сочуваат биолошката разновидност во Загреб, сакаат помалку да се коси тревата, но и на зелените површини во градот да се формираат „цветни острови - градини на пеперутки“, на кои инсектите ќе се хранат и размножуваат.
Кога сето ова би започнало да се применува, би донело многу добри работи. А, како што и самите објаснуваат во својата петиција, на тој начин ќе се: „сочуваат средствата кои сега ги трошиме за косење на зелените површини и ќе ги насочиме во формирање на цветните острови - градини на пеперутки, да се намали отстранувањето и згрижувањето на органскиот материјал произведен со косење, но и загадувањето на околината со употреба на косилки, камиони и друго кои се користат во градот. Освен тоа ќе се намали и трошокот за наводенување и уредување на зелените површини, како и средствата за заштита и прехрана на украсните билки и средствата исто така ќе се насочат на формирање на цветни острови - градини на пеперутки, а ќе се зголеми и биолошката разновидност во Загреб“.
Својот глас може да го дадете ОВДЕ.
Исто така оваа иницијатива нека биде поттик и на македонските млади луѓе, да се организираат за некоја слична акција, преку која ќе ја заштитат животната средина и животинскиот свет во неа.