Заборави на овие две работи: Што да направиш доколку телефонот ти падне во вода?

Заборави на овие две работи: Што да направиш доколку телефонот ти падне во вода?

На секој четврти корисник на паметен телефон, уредот барем еднаш му паднал во WC школката или пак када или во море... Но, како да го спасите мобилниот доколку случајно „заплива“ и тотално се измокри? Следете ги овие неколку трикови:

# Извади ја СИМ картичката од телефонот

Само што го извади мобилниот од вода? Веднаш исклучи го уредот и извади ја СИМ картичката. Секоја секунда е важна, бидејќи може да настане краток спој.

# Оризот е спас

Земи сад кој можеш добро да го затвориш и наполни го со ориз. Стави го внатре твојот исклучен телефон, во потполност затрупај го со ориз и добро затвори го садот да не влегува воздух.

# Само трпеливо

Остави го така телефонот неколку дена да стои во садот. Пробај повторно да го уклучиш по најмалку 48 часа. Доколку и понатаму не можеш да го вклучиш уредот, остави го оризозт уште неколку дена.

СТРОГО Е ЗАБРАНЕТО

# Сушење со фен

Знаеме дека си во шок и дека не можеш да се замислиш без телефон неколку дена. Но, сушењето со фен може да направи уште поголема штета. Водата може да продре подлабоко во уредот и да го уништи засекогаш.

# Поврзување на полнач

Понекогаш телефонот веднаш се исклучува, дури доколку на секунда ти паднал во вода. Никогаш немој да го приклучуваш на полнач. Тоа ќе предизвика краток спој и телефонот засекогаш ќе ти биде изгубен.

Можеби ќе ве интересира: