ЗАД СЕБЕ ОСТАВИ ДВЕГОДИШЕН СИН: Тргнала на концерт, вчера бразилската пејачка загина при пад на авионот
Приватен мал авион се урнал во југоисточната држава Минас Жераис при што загинала една од најпознатите пејачки во Бразил Марилија Мендонча .
Таа имаше само 26 години, а несреќата се случила во петокот.
Таа не е единствена загината. Со неа биле и нејзиниот продуцент Енрике Рибеиро, асистентката Абиќели Силвеира Дијаз Фиљо, пилотот и копилотот на авионот, пренесува Ројтерс.
Марилија Мендонча се стекна со слава како пејачка која ја освои наградата Латино Греми во 2019 година за најдобар албум во нејзината категорија.
Популарната изведувачка на бразилска музика, која зад себе го остави двегодишниот син, вчера требаше да настапи на концерт во градот Каратинга, оддалечен 12 километри од местото на несреќата.
Таа само неколку часа пред несреќата на социјалните мрежи објави видео на кое се подготвува да се качи во мал приватен авион на пат кон Каратинга.
„Марилија Мендонча остави трага во бразилската култура и богат репертоар на бразилска регионална музика. Таа сигурно нема да биде заборавена“, соопшти бразилската влада.
Засега не е позната причината за несреќата.