Зад затворените врати на кралското семејство: Кејт не знае што да на прави од срам, откако се дозна дека ја расплакала Меган
За време на одличното интервју спроведено од Опра Винфри, Меган Маркл, војвотката од Сасекс, објасни дека Кејт Мидлтон всушност ја расплакала пред венчавката, и покрај пишувањата дека се случило спротивното. Според зборовите на експертот за кралското семејство, Кејт Никл, ова ја повредило и војвотката од Кембриџ, пишуваат странските медиуми, а тоа исто така стана очигледно - судејќи според нејзиниот израз на лицето, коментира тамошната јавност.
„Кејт никогаш не сакаше какви било сугестии за нејзиното несогласување со Меган да стигнат до печатот. Значи, оваа приказна, која сега кружи, е многу тешка за неа. Постојат различни верзии за двете, не само онаа за која зборува Меган. Кејт сметаше дека таа „епизода“ е готова, па беше страшно за неа да помине повторно низ сето тоа. Меган и Хари знаат дека Кејт не е во можност да одговори...“ - рече Никел, пренесува „Сан“, кој исто така потенцираше дека војвотката од Кембриџ е тажна, разочарана и повредена од големото интервју со Меган и Хари.
Кејт, инаку, се врати на својата работа и должност минатата недела, и заедно со нејзиниот сопруг беше видена во јавноста за време на посетата на училиште во источен Лондон. Цело време, се наведува, таа изгледала демотивирано и како да чува стража, мрачна, а исто така постојано гледала во подот.
Зад затворените врати, таа се чувствуваше изневерено, но како и Вилијам - таа сè уште ги сака Меган и Хари, иако тие кренаа голема прашина и во куќата, заклучи Никел.
фото: Profimedia