Заедничките активности во домот може да изградат позитивни чувства и сигурност

Заедничките активности во домот може да изградат позитивни чувства и сигурност

Објавена во: Совети // Семејство

Сите се соочуваме со пандемијата на коронавирусот (Ковид-19), која е загрижувачка, непредвидлива. На сите ни е потребно не само физички, туку и емоционално да се адаптираме на оваа ситуација. Затоа е важно е на детето да му се понудат разни креативни активности и игри во домот кои ќе помогнат во ослободување од стресот.

Една од најубавите работи во детството се игрите. Децата често знаат и сами да си смислуваат игри, но убаво е кога и родителите се вклучени и целото семејство се забавува.

Ви предлагам неколку идеи за изработка на активности во домашни услови каде што уверена сум дека на среќата ќе нема крај.

Потребен материјал:

Хартија

Фломастери/дрвени боици

Лепак

Забавна математика: Оваа активност овозможува примена на стратегии за пресметување и решавање на математички задачи. Помага децата да ја развијат самодовербата и да ја поттикнат љубопитноста.

Потребен материјал:

Хартија

Фломастери/дрвени боици

Лепак

Препознавање емоции: преку сечење и лепење различни емотикони детето учи да распознава емоции според изразот на ликот

Потребен материјал:    

Сад   

Песок   

Шпатули во разни бои

Тапи

Перли

Картон од тоалетна хартија/брисач

Разиграно дрво: Со оваа активност е развива визиомоторна контрола кај децата, внимание и концентрација.

Потребен материјал:

Хартија

Фломастери/дрвени боици

Лепак

Развој на внимание и концентрација: оваа активност овозможува да се подобри вниманието и концентрацијата при што детето треба правилно по боја да ги намести квадратчињата.

Потребен материјал:

Хамер

Врвка

Развој на фина моторика: Оваа активност овозможува развој на фината моторика, зајакнување на мускулите на дланката.

Потребен материјал:

Хартија

Фломастери/дрвени боици

Лепак

Салфетки

Велигденски украс: во пресрет на Велигденските празници еве една идеја што би им била интересна и забавна на децата. Движењата на прстињата го прават детето емоционално и ментално поопуштено, па начинот како детето управува со прстињата и ги совладува едноставните, но важни активности, доведува до развој и на многубројни други вештини и ефекти, кои на детето му остануваат за целиот живот

Потребен материјал:

Лепак со светки

Лист со нацртани линии

Цртање линии: со оваа активност се развива креативноста кај децата, координација око-рака, зајакнување на мускулите на раката при стискање со прстите.

Потребен материјал:

Четки

Хартија

Темперни/водени бои

Сликање со четка: со оваа активност децата ја развиваат креативноста, уметничките вештини и координација око-рака.

Потребен материјал:

Дрвена подлога

Штрафови

Ластичиња

Разиграни форми: Играта има за цел да го поттикне детето само со помош на ластичиња да направи форми, да ги воочува и да ги  именува геометриските форми.

Седи дома, редовно миј раце, почитувај ги препораките забавувајте се и ширете безброј насмевки!

 Андријана Тодоровска, дефектолог


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: