Заедно се од тинејџерските денови: Вака Јелена го освоила Новак Ѓоковиќ, а откриено е и како се запознале
Јелена и Новак Ѓоковиќ се заедно 16 години и покрај тоа што многумина не можат да ги поврзат и се прашуваат како е можно толку да трае нивната љубов...
Ги запознал заеднички пријател во 2005 година, додека Новак не бил планетарно популарен, а тенисерот првпат ја претстави во јавноста на турнирот во Амерсфорт во јули јули 2006 година. Често одела во Монте Карло, каде денес живее семејството Ѓоковиќ.
„Ние бевме навистина деца кога се сретнавме првпат. Бевме на тениски турнир во еден клуб на Баново брдо. Долго тренирав тенис, до свои 15 години, па имавме заедничко друштво. Тој решаваше некои вкрстени зборови, а јас бев покрај него, па ме праша да му помогнам и така заедно почнавме да решаваме, но потоа се среќававме повремено и секогаш се дружевме убаво, но без никакви знаци дека некогаш ќе се забавуваме. Почнавме да се забавуваме дури после три години“ - кажа своевремено Јелена, а Новак откри дека бил заљубен до уши во неа во текот на средношколските денови.
„Првпат се видовме на еден од локалните турнири во Белград... Таа беше моја девојка пред да се земеме. Пред тоа беше мој пријател. А, пред тоа беше девојка по која бев луд во средно“ - раскажа тој своевремено. Како што откри за американските медиуми, запросувањето во прв момент не одело како што треба.
„Отидовме да се возиме со балон. Изнајмив уште еден балон, кој требаше да се крене во моментот кога ќе поминувавме и ќе го имаше знакот на кој требаше да пишува „Сакаш ли да се омажиш за мене?“ Проблемот настана кога балонот се запали, ама не толку силно. Јелена почна да паничи. „О, Боже. имаме дупка во балонот“ - викала Јелена, додека Новак се обидувал да ја извади ситуацијата.
„Се свртев кон возачот и кажав: „Те молам, помогни ми. Ќе ја пропуштам приликата“ - раскажуваше Новак, а потоа се вмеша и Јелена:
„Потоа го видов другиот балон на кој се појави, како што тогаш мислев, реклама. Помислив дали е тој луд, што ќе му е оваа реклама во тој период, а дури подоцна прочитав што пишува. Се свртев, а тој веќе беше клекнат со прстенот“.
Јелена, исто така откри и како успеваат да ја одржат совршената врска сите овие години:
„Мислам дека не постои некоја формула, бракот едноставно функционира или не. Како и секој однос. Потребно е многу почитување и емоционален ангажман за бракот да биде квалитетен и да трае. Новак многу патува, а кога ќе се врати од пат, тоа е како повторно да се запознаваме, повторно се заведуваме, бидејќи и двајцата во меѓувреме сме копнееле еден за друг. Новак и јас сме долго заедно и пред неговото име да добие таква тежина во јавноста. Тој за мене остана моја љубов, без неопходните титули кои сега го следат неговото име. Работата за неговиот бренд ми помогна да го разберам и почитувам успехот кој го постигна и да ја прифатам осаменоста како последица на таа прекумерна работа, патувања и посветеност. Тоа е тој товар на популарноста и успехот кој често ги одалечува луѓето од семејството и пријателите, а кој го немаме предвид кога сонуваме големи соништа. Ни на него, а ни мене не ни е лесно да бидеме разделени, особено сега кога сме родители на две деца кои навистина се плод на голема љубов. На нас, нашето време ни е драгоцено, ретко и единствено. Но, сите го посакуваме, а тој е само еден.“
фото: Инстаграм