Заедно сте најблесави: 10 чудни работи кои ги правите само со најдобрата пријателка
Си суте останати пријатели кои не ти се најдобри, поголемиот број од работите сигурно не би ги ни правела, бидејќи би се чувствувала чудно, а можеби и ќе ти биде малку незгодно, но кога ти и твојата најдобра пријателка сте во прашање, ова ви доаѓа природно.
Ти и твојата најдобра пријателка се разбирате добро и без зборови, секогаш сте тука една за друга и подготвени за секакви глупости. Кога си со неа, се однесуваш како да си сама, бидејќи знаеш дека таа сигурно нема да ти суди или да ти се налути, туку ќе те поддржува во твоите лудории. Овие 10 прилично чудни, туку истовремено и генијални идеи, ги прават само најдобрите пријателки, се пронаоѓате ли ти и твојата најдобра пријателка во нив?
# Ја планирате својата венчавка со личност со која се уште не сте се ни запознале.
# Се гушкате постојано.
# Зборувате со друг нагласок.
# Слушате иста песна 25 пати по ред.
# Имате создадено сопствен начин на разбирање.
# Не се најавувате кога одите една кај друга дома.
# Секогаш сте тука една за друга.
# Си ја проверувате должината на влакната на нозете.
# Вашите плакари ги доживувате како еден голем заеднички.
# Знаете апсолутно СЕ една за друга.