Заминала да ги среди веѓите по последна мода, а сега не излегува од дома: Резултат е катастрофа
Била возбудена поради третманот и едвај чекала и на неа веѓите да ѝ изгледаат како на фотографиите кои кружат на Интернет...
Девојка по име Кеси со следбениците на ТикТок сподели една катастрофа од светот на убавината која ѝ се случила. Имено, го сакала „brow lamination“ третманот, односно уредување на веѓите, така што ќе ѝ бидат зачешлани кон нагоре и секако ќе имаат повеќе волумен.
Била возбудена поради третманот, бидејќи на Интернет гледала фотографии од третманите кои ги правеле другите девојки и едвај чекала и на неа да ѝ изгледаат така веѓите.
Сепак, на крајот на целиот процес, Кеси останала во солзи - нејзините веѓи не биле ни близу со оние на фотографиите.
Освен што биле многу дебели, не изгледале толку уредно и природно.
@cassie_0181 I’m embarrassed #fyp #foryou #foryoupage #eyebrowlamination original sound - Kneely_Knight
Следбениците, како што пренесува „The Sun“, почнале да ѝ пишуваат како да го поправи проблемот. „Намокри ги со малку вода и исчешлај ги надоле“, „Да, само добро исчешлај ги и сѐ ќе биде во ред, тоа е затоа што имаш дебели веѓи“.
Но, без разлика на сѐ, Кеси била многу очајна.