Заминала на естетска операција, а по неа добила рогови: Не е сигурна дека ова може да се поправи

Заминала на естетска операција, а по неа добила рогови: Не е сигурна дека ова може да се поправи

Објавена во: Мода // Moj стил

Една девојка многу се кае откако платила за естетска операција поради која изгледа како да има рогови.

Џеси Кар изјави дека сакала операција за затегнување и подигнување на очите за да го добие посакуваниот изглед. Операцијата вклучува хируршко поставување на биоразградливи конци за подигнување на очите, но за Џеси работите тргнале наопаку и добила изглед кој не ѝ се допаднал, пренесува „Mirro“.

„Најмногу ми е жал што се одлучив за оваа операција. Дефинитивно не вреди, не функционираше и останав со рогови! На почетокот многу, многу интензивно отекуваа. Ми го повредија крвниот сад за време на зафатот и отекував неколку недели. Кога отокот стивна, забележав дека веѓите ми се подигнаа“ - објасни таа во видеото кое го сподели на ТикТок.

На крајот Џеси кажа дека отокот се намалил, но и дека сега мора да ги тргне конците и да побара попуст.

„Парите делумно ми ги вратија, а потоа неколку недели подоцна забележав дека имам испакнатини на главата и дека никнуваат конци. Се вратив на уште еден преглед. Сега поминувам низ процедурата која се вика „Ultraformer“, треба да се стопат конците, а пијам и антиинфламаторни таблети за да се обидам да го ублажам воспалението“ - откри таа.

@_jessiecarr I can’t take myself seriously  #foxeye #foxeyethreads #foxeyethreadlift #botched #botchedsurgery original sound - Slowed Songs

„Не ми ветија дека ќе се стопи конецот, но тоа е нешто што може да помогне да се раствори. Тоа е постепен процес, па се надевам дека ќе направи разлика. После две сесии се надевам дека ќе се стопат, но не сум 100 проценти сигурна дека ќе успее. Поминав низ многу и дефинитивно не вреди“ - заклучи на крајот.

Нејзиното видео за кратко време стана вирално на социјалните мрежи, а многу корисници се обидоа да ја утешат преку коментарите кои ѝ ги оставаа под видеото: „Прифати ги своите рогови, изгледај кул“, „Буквално имаш платено за роговите, тоа е вистина кул“.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: