Заминала во салон за убавина да се разубави, а си заминала како циркузант: Сите ја споделуваат фотката од несреќната девојка (ФОТО)
Сите на социјалните мрежи сакаат да ја видат девојката со четири веѓи...
Нипапрон Микинг платила 35 фунти или 40 евра за тетоважа со прилично „сомнителен“ салон за убавина на истокот на Тајланд.
Сакала само малку да ѝ ги обликуваат веѓите, третман кој почна да го практикува скоро секоја жена. Меѓутоа, кога конечно завршило сè, за малку ќе паднела од столчето. Наместо убаво обликувани и црни веѓи, таа добила дупло повеќе. Два пара веѓи, едни над други.
Налутена и бесна му се нафрлила на тату мајсторот, кој ѝ ветил дека ќе ѝ ги отстрани „вишокот“ веѓи и тоа бесплатно. За жал, салонот следниот ден бил затворен и таа изгубила контакт со лицето кое ѝ го направило ова. Нипапорн се обидела да живее со ова, но без волја ја прифатила покажата од друг салон, чии сопственици биле толку негативно изненадени од претходно изработените веѓи и ѝ понудиле бесплатно да ѝ го отстранат вишокот веѓи.
„Се сеќавам дека планирав патување со пријателите и сакав новите веѓи да ми изгледаат убаво. Еден пријател ми го предложи тој салон. По третманот се погледнав во огледало и останав без зборови“ - раскажа таа, а потоа додаде:
„Ми беше страшно да живеам со четири веѓи на челото, но за среќа пронајнов нов тату мајстор“.
фото: Принтскрин / VIRALPRESS