Започна големата наградна игра на Жито Маркети СО “АДРЕНАЛИНСКА ЖИТО АВАНТУРА” до супер вредни награди
Жито Маркети ја стартуваше новата голема Наградна игра за своите потрошувачи, најавувајќи богат награден фонд со “адреналински” награди. Наградната игра наречена “Адреналинска Жито авантура” започна на 08 јуни, а ќе трае до 23 јули, 2022 година. Наградниот фонд изнесува близу два милиони денари и вклучува вредни ваучери, како што се Жито потрошувачки картички, мобилни телефони, потоа пет четирицикли од 250 кубни сантиметри (cc), а главната награда која ќе се додели во извлекувањето ќе биде голем четирицикл од 500 cc.
“Се одлучивме пролетниот и летниот период да реализираме богата наградна игра и да споиме две пријатни активности за нашите ценети потрошувачи – купување по промотивни цени и можност за добивање на вредни награди. Таков е и концептот, бидејќи сакаме да ги наградуваме нашите лојални потрошувачи, но и да ги повикаме останатите да ни се придружат и да ги откријат поволностите и бенефитите од нашата Лојална програма. Секако, покрај вауачерите, картичките и телефоните, сето ова го зачинивме и со адреналински топ награди, какви што се атрактивните четирицикли.”, нагласуваат одговорните во Жито Маркети.
Основен услов за учество во Наградната игра е потрошувачот да поседува лојална Жито Клуб картичка. А, за оние коишто не ја поседуваат, можат едноставно да аплицираат за неа и веднаш да ја добијат во било кај од над шеесетинатата маркети низ речиси секој град во државата.
“На наше огромно задоволство, уште додека ја подготвувавме Наградната игра, наидовме на исклучителна заинтересираност на нашите партнери и соработници да ни излезат во пресрет и да добиеме поволни цени за многу производи коишто се вклучени во концептот на собирање поени на лојална Жито Клуб картичка. Единствено што преостанува е купувачите да дојдат, да пазарат, да собираат поени на лојалната картичка, брзо и едноставно да пополнат купон и / или купони за учество и да станат потенцијални добитници на вредните награди.”, велат во Жито Маркети.
Извлекувањето на наградите е предвидено да се реализира на голема забава на отворено, на 05 август, 2022 година, непосредно пред Управната зграда на компанијата и маркетот Жито Ване, во Велес. Жито Маркети на сите ценети купувачи им посакуваат пријатно пазарење и многу среќа во “Адреналинската Жито авантура”.
За повеќе информации околу Наградната игра, правилата, фондот на награди и сите останати детали, проверете на линкот https://zito.com.mk/adrenalinska-zito-avantura/.
* ПР - објава