Започна од нула, не е како останатите деца на богаташите: Со што точно се занимава зетот на Цеца Ражнатовиќ?
Анастасија веќе со години ужива во врската со Ѓорѓе Куљиќ, а бидејќи ретко кога се појавуваат заедно во јавноста, многумина ги интересира што тој прави, од какво семејство е...
Јавноста нема можност често да го „среќава“ доглогодишното момче на Анастасиај Ражнатовиќ, Ѓорѓе Куљиќ. Момчето од Нови Сад присуствува на секој важен настан во семејството, но надвор од тоа, не се експонира многу во јавноста. Младата пејачка секако ја почитува неговата желба и ја чува, пред сѐ, нивната врска во тајност, но затоа со текот на времето интересот кај публиката само расте.
Со што се занимава, од какво семејство е - голем е бројот на оние кои би сакале да ги дознаат овие информации, па така затоа извор близок до Ѓорѓе, за „Ало“ воодушеви со деталите, објаснувајќи каков е всушност тој, надвор од камерите и рефлекторите.
„Куљиќ се од Нови Сад, веќе со години имаат свој приватен бизнис. Сѐ што имаат го стекнале благодарение на голем труд и работа и семејниот бизнис кој го пренесувале од колено на колено. Низ цела Војводина поседувале млинови. Некои ги продале, а некои ги задржале до денес“ - започна изворот, па додаде дека не се збогатиле преку ноќ.
Покрај тоа што има семеен бизнис, Ѓорѓе секогаш сакал да учи, а семејството издвојувало голема сума на пари за неговото школување во странство.
„Интересно е што заврши средно елитно училиште во Швајцарија, кое е организано по моделот интернат, во кое учеа и деца на разни принцови и аристократски семејства од целиот свет. Една школска година чини 60.000 евра. Тоа јавноста не го знае, знае само дека студирал во Њујорк, каде инаку и започнал свој приватен бизнис“ - открива понатаму и додава дека идниот зет на Цеца започнал бизнис со кој се заниамава и денес.
„Ѓорѓе буквално започна од нула, а неговата фирма е една од водечките компании која се занимава со транспорт во Америка. Со неколку пријатели влезе во тој проект. Прво испитуваа различни пазари и кога сфатија дека транспортот е нешто што во Америка може да им донесе профит, одлучија да се впуштат во тој бизнис. Започнаа со еден камион, меѓутоа, бидејќи побарувачката беше голема, многу брзо се проширија. Денес во своја сопственост има повеќе од 100 камиони, кои работат со полна пареа“ - заклучи изворот.