Започна од вчера: 3 хороскопски знаци кои ја минуваат најтешката недела во животот
Астролошката температура би можела оваа недела да биде поинтензивна доколку сте еден од овие три знаци, но немојте да очајувате, бидејќи ова не значи дека нема да ја искусите насмевката, забавата и среќата овој период. Најтешкиот период за овие три хороскопски знаци започна вчера, кога Венера - планетата на љубовта, направи квадрат со Сатурн.
Ретроградниот Меркур исто така допринесува за овонеделната драма, па слушнете што точно ве очекува, доколку сте еден од овие знаци:
# Овен - самодеструктивни сте пред предизвиците
Наместо да се соочите со своите стравови, смаите себе се повлекувате назад. Ќе ви делува полесно да се повлечете отколку да се соочите. Можеби ова на вашето его ќе влијае како лажно засолниште, но секогаш ќе се враќа по вас и ќе ве прогонува. Никој не порекува колку е тешко да изгубите се по огромниот труд кој сте го вложиле, но не заборавајте дека успехот не доаѓа секогаш со победите, туку со знаењето дека секогаш морате да одите понатаму, па дури и кога ви делува безнадежно. Морате да станете и да продолжите. Запомнете го ова оваа недела.
# Близнаци - се повлекувате од реалноста
Сакате да се претставувате како личност која ја осветлува собата кога ќе се појави. Сепак, сега влегувате во период на одмор и обнова, што би можело да биде спротивност со вашиот инстикт да бидете во тек со другите. Доколку не сте навикнати да бидете сами, некои остри мисли може да ви влезат во ум. Запомнете дека можеби станува помалку остри кон себе, затоа немојте да верувате на се што ќе ви каже вашиот внатрешен глас. Наместо тоа, научете како да се движите низ нив. Вашите мисли може да ја трансформираат вашата реалност.
# Вага - ќе имате потешкотии за нешто за што сте многу поврзани
Дали себе си дозволивте да бидете емоционално врзнаи за нешто или некој толку што се губите самите себе? Иако можеби сметате дека не можете да живеете без тоа, сетете се дека сте живееле и без тоа, пред да ви влезе во животот и дека ќе бидете во ред и доколку тоа го оставите зад себе. Самите себе некогаш си бевте сосема доволни. Потсетете се дека сте во ред, без оглед на тоа што ве окружува. Утехата може да ви биде одземена, па немојте да дозволите да зависите од нешто или некој.Треба да бидете зависни од нешто што доаѓа од длабочината на душата.