Заработува 42.000 динари месечно, 12 години е болна и нема ништо наследено: Тешката животна приказна на ќерката на Аркан
Анџела Ражнатовиќ проговори за својот живот и го откри она што јавноста не го знаеше за неа...
Ќерката на покојниот Жељко Ражнатовиќ - Аркан, Анџела Ражнатовиќ, која пред неколку месеци се појави на роденденот на Анастасија Ражнатовиќ, ја отвори душата и зборуваше за својот живот и за сѐ она што јавноста не го знае за неа.
Зборуваше за болеста со која се бори веќе некое врмее, заработката, наследството, како и за браќата и сестрите и односот со мајка ѝ, актерката Љиљана Мијатовиќ.
„Веќе шест години работам како фриленсер за една странска компанија. Предавам англиски јазик на Азијци. Имам еден проблем, поради што овој вид на работа ми одговара. Веќе 12 години имам проблеми со цревата. Докторите прво мислеа дека имам нервозни црева и ги имам, а потоа утврдија дека имам микроскопски колитис. Тоа е хронична болест и симптомите се ужасни. Болките се ужасни и дијареа 15 пати на ден. Нека не дава Бог на никој. Нема лек за тоа. Можам само повремено да припам кортикостероиди, што е повеќе исцрпувачки отколку корисно. Болеста ја држам под контрола со молитва, водам сметка што јадам. Не пијам, не пушам, избегнувам цигари, кафе, алкохол, како и благо, кое обожувам да го јадам. Ослабев поради мојата болест“ - изјави Анџела во интервјуто за Јутјуб каналот „Истините приче“, каде се осврна и на работата.
„Работа како работа, ги задоволува моите емоционални потреби. Работам во таа компанија шест години и запознав прекрасни, образовани луѓе. Најмногу ми се допаѓаат Јапонците, тие се многу прекрасни, љубезни, културни, навистина ги сакам нивните особини. Научив многу за Јапонија. Кога му помагаш на некого, тоа ми ги задоволува моите емоционални потреби. Воопшто не сум задоволна од мојата заработка. Немам ни 50.000 динари месечно од тоа. Работам од понеделник до сабота за да имам барем 40.000 или 42.000 денари. Не барам помош, ниту сакам да ми помогне некој. Ништо не наследив. Животот го гледам низ призма на христијанството. Парите значат многу, може да се живее поудобно. Никогаш немав пари. Во Грција живеев многу скромно со мојот очув. Тој инвестираше во моето образование. Бевме средна класа...“ - изјави ќерката на Аркан, па откри во каков е односот кој го има со браќата и сестрите.
„По мајка имам двајца браќа, Георги и Гаврил, а по татко осум. Има некои приказни, но тоа не би го зборувала. Тоа еден ден ќе го прочитате во мојата книга. Можеби имал и повеќе од 9 деца. Од страната на мајка ми најмногу го сакам Георги, заедно израснавме во Грција, а по татко, омилен ми е Вељко“ - истакна Анџела и раскажа по нешто и за својата мајка.
„Јас имам само мајка, таа живее во Грција, не се гледаме често. Таа таму се омажи за Грк. Кога се гледаме, си ракажуваме сѐ. Таа е многу побожна жена, одиме на литургија... Мојата мајка во младоста била многу убава, и сега е многу убава. Некои луѓе овде ми велат дека ја знаеле мојата мајка од младоста. Велат дека била една од најубавите жени во Белград, а мене ми велат дека сум иста како татко ми. Што да кажам на тоа...“ - вели ќерката на покојниот Жељко Ражнатовиќ Аркан.
фото: Принтскрин / Јутјуб