Засени многу познати личности: Идната снаа на Лепа Брена во издание на кое ќе воздивне и Кајли Џенер

Засени многу познати личности: Идната снаа на Лепа Брена во издание на кое ќе воздивне и Кајли Џенер

Објавена во: Живот // Живот

Сандра Милјаковиќ, девојката на Виктор Живојиновиќ и идната снаа на Лепа Брена, се појави синоќа на модна ревија во Белград, а нејзиниот изглед привлече големо внимание.

Со месеци се шпекулира за врската помеѓу Сандра Милjаковиќ, студентка по српски јазик и литература и професионална шминкерка, со Виктор, помладиот син на Лепа Брена и Слободан Боба Живојиновиќ. Медиумите еден час пишуваат дека двојката е пред венчавка, еден час дека раскинале, а Сандра и Виктор не се огласуваат и одвреме навреме ги гледаме заедно. 

Овој пат, Сандра се појави сама на градски настан - и ја „разнесе“ модната конкуренција! 

Младата убавица синоќа гостуваше на модна ревија, каде се појави во издание во кое лесно можеме да ја замислиме Кајли Џенер или која било нејзина славна сестра. Милјаковиќ носеше црна облека, составена од кожена јакна, ефективен топ што го открива нејзиниот стомак и длабоки кожени панталони ѕвонарки со исечоци на ногавиците. Таа го надополни стајлингот со црна чанта, и салонки на високи потпетици во златна боја. 

Сандра и Виктор се гледаат од 2019 година, и иако медиумите ја следат нивната врска и детално пишуваат за тоа, тие не ја коментираат нивната врска и, воопшто, приватниот живот.


Фото: АТАИ Имагес

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: