Заштити се: Како да не станеш жртва на дигитално насилство?
На секој може да му се случи да стане жртва на малтретирање во виртуелниот свет. Сепак, постојат правила кои можеш да ги почитуваш и така да ги намалиш шансите или да се осигураш дека тоа нема да ти се случи на тебе во виртуелниот свет.
Заштити ги своите профили на интернет со силна лозинка која нема да ја споделиш ниту со најблиските луѓе во твојот живот.
Секогаш одлогирај се кога не го користиш компјутерот, особено води сметка да се одјавуваш од своите профили кога користиш јавни компјутери (во училиште, библиотека, кафуле...) или компјутерите кај своите пријатели - немој на никој да му оставиш можност да го користи твојот профил во твое име.
Добро размисли пред да објавиш нешто на интернет - немој да објавуваш ништо што може да ја загрози твојата репутација. Другите ќе те осудуваат на основа на сликата која ја оставаш на интернет - на нејзина основа може да ти дадат или скратат многу можности (работа, стипендија, програмите за размена на студенти...)
Подеси ја приватноста на своите профили на интернет - споделувај информации на Фејсбук и Гугл+ профилите само со пријателите на кои им веруваш.
Постојано наградувај го своето знаење на социјалните мрежи, интернет, нови комуникациони технологии - техничките опции се развиваат и менуваат, биди секогаш во тек со своите промени на можностите на услугите кои ги користиш.
Разговарај со своите другари и другарки, но и со родителите за социјалните мрежи и интернетот, правилата на е - бонтонот - секогаш негувај мала доза на сомневање - секогаш имај на ум дека е лесно лажно да се претставиш онлајн, да го сокриеш своето вистинско име, години, намери - затоа е ризично да ги прифатиш за пријател оние кои не ги познаваш, никогаш не си ги сретнал/а или имате малку или немате воопшто заеднички пријатели.
Никогаш не ги отворај непосакуваните пораки кои ги добиваш од непознати - избриши ги без читање. Може да содржат вируси кои ќе се активираат оној момент кога ќе ги отвориш. Немој да отвара линкови кои ти делуваат сомнително или си ги добил/а од некој кој не го познаваш и тие можат, освен непримерен материјал, да содржат и вируси кои ќе ги преземат твоите приватни информации.
Не дозволувај да станеш насилник во виртуелниот свет - однесувај се кон другите онака како што би сакал/а другите да се однесуваат кон тебе. Со своето непристојно однесување на интернет ја охрабруваш идејата дека таквото однесување е прифатливо. Присети се дека правилата за однесување во реалниот свет важат и во виртуелните - не е во ред да се лаже и важно е да се почитува туѓата приватност и чувства.