Заводлива Барбика: Антониа Гиговска доминира во кожен комплет и зелени салонки (ФОТО)
Девојката која дефинитивно ја заслужува титулата македонска Барбика е секако Антониа Гиговска.
Пејачката со вонсериски глас, покрај нејзиниот талент е и една од најубавите музички ѕвезди на нашето поднебје.
Нејзините модни изданија секојдневно не' инспирираат и воодушевуваат, па така и овојпат ја гледаме во едно сосема заводливо издание.
Во кожен кафеав комплет искомбиниран со зелени салонки и интензивна шминка, Антониа уште еднаш покажа дека изгледа како вистинска Барби девојка, а за тоа секако придонесува нејзината платинесто руса коса и пред се' природната убавина.