Заводнички во портокалово: Јелена Карлеуша и Деми Роуз во идентични фустани кои го одземаат здивот

Заводнички во портокалово: Јелена Карлеуша и Деми Роуз во идентични фустани кои го одземаат здивот

Објавена во: Живот // Живот

Манекенката и ѕвездата на Инстаграм, Деми Роуз, неодамна ја посети Хрватска за да ја сними својата нова модна колекција, која е во соработка со британскиот бренд PrettyLittleThings.

По тој повод, таа позираше на улиците во Дубровник во тесен портокалов фустан, од споменатата марка, кој благодарение на бројните шлицови ги истакна нејзините бујни облини.

„Дубровник е многу убав град, но снимањето беше напорно“ - рече Деми, која никој не ја препозна додека шеташе низ градот.

Кратко потоа, Јелена Карлеуша, која важи за балканска модна икона и која често остава без здив со своите провокативни изданија, објави фотографија во истиот фустан што го носеше и Деми.

„Женското тело е уметничко дело. Ремек дело. Жените во сите облици и големини се убави во секој поглед ... секоја облина, секое испакнување...“ - напишала Карлеуша во описот на фотографијата, која набрзо собрала повеќе од илјадници лајкови.

Иако двете дами се многу привлечни и фустанот на најдобар начин ги истакна нивните бујни облини, многумина не можат да одлучат која изгледа подобро.

На која фустанот ѝ повеќе одговара, на Јелена или на Деми?

фото: Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: