#ЗдравиНавики: Кампања која има цел да го промовира здравиот начин на живот меѓу младите
Сите знаеме дека изминативе четири месеци беа навистина турбулентни, непредвидливи и полни се промени како за нас, нашето секојдневние така и за целото општество. Неминовно беше ваквата состојба да има импакт врз нашето ментално и физичко здравје како и здравјето на нашите најблиски.
Имајќи го предвид истото, Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гази Баба – Скопје на почетокот од овој месец ја лансираше својата online кампања насловена како #ЗдравиНавики која има цел да промовира здрав начин на живот, грижа за себе и афирмација на здрави ментални навики.
Следејќи ги потребите на младите кампањата се одвива на социјалните медиуми Facebook и Instagram и тоа со различни неделни фокуси. Засега во рамки на кампањата се опфатени теми како што се личен развој, мотивација и инспиранција во парнетство со Миролсав Драганов и бреднот Продолжи со насмевка и здрава исхрана со нутриционистот м-р Емилија Спасовска Мојсовска. Оваа недела фокусот е поставен на ментално здравје па за таа цел е е креиран краток серијал на видеа во партнерство во Псинапсис – здружение за промоција на ментално и физичко здравје. Додека пак следната недела е резервиран за физичка активност и фитнес во соработка со фитнес клубот М Фит – Скопје.
Кампањата е исполнета со едукативни содржини, видео записи, наградни игри и квизови преку кои младите сакаат да испратат порака за важноста на грижата за сопственото здравје и негување на позитивни и здрави навики.
Кампањата #ЗдравиНавики може да ја следите на Facebook страната или Instagram профилот на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гази Баба – Скопје.