Здравиот начин на живот носи нови навики
Во денешно време да се применува здрав начин на живот подразбира да се создадат нови навики, да се применат многу отстапки во секојдневното однесување, а да се прифатат и некои нови. Менувањето на начинот на живот може да се однесува на помали секојдневни промени како практикување физичка активност, но и на создавање нови дневни рутини. Сепак, секоја промена започнува пред сè од нашата подготвеност и мотивираност да успееме во намерата, како и од промените во исхраната и воведување квалитетни хранливи состојки во дневното мени. Спред многу истражувања, здравата исхрана треба да биде базирана на хранливи и свежи состојки, кои се непреработени, без конзерванси и без вештачки адитиви. Затоа, консумирањето зеленчук и овошје е императив, а физичката активност станува новата дневна рутина.
Истовремено, целејќи кон воведување здрави животни навики, многу често бараме брзи решенија и производи кои ќе ги исполнуваат условите да се здрави, хранливи и полни со витамини. Иако не секогаш е лесно, сепак доколку сме истрајни во менувањето на животниот стил и воведувањето на нови навики, на продажните полици може да најдеме токму вакви производи. На пример, новите производи од компанијата Вивакс, Вива 100% цедениот сок од капина и јаболко и Вива 100% цедениот сок од јаболко за кои веќе пишувавме се вистински погодок за оние што се љубители на цедените сокови, но немаат време да ги подготвуваат дома, а истовремено се здрави и хранливи. Составот им е богат со витамини и минерали, па го снабдуваат организмот со енергија за целиот ден. Тоа се 100% природни производи, без додаден шеќер, вода и конзерванси. Направени се од македонски јаболка и капини, што дополнително придонесува за нивниот квалитет, свежина, автентичноста и изворноста во вкусот и секако, при процесот на производство задржани се природните хранливи состојки.
Кога станува збор за воведување промени во животниот стил и практикување здрави навики, постојат многу совети и начини, како на пример, од листа со активности и вежби што треба да се прифатат, до совети за применување на барем по една здрава навика секој ден, подготвување на неделни менија со здрави оброци и слично. Сепак, многу често искуството покажува дека поддршката и истрајноста на почеток е многу важна и за да имаме поголем ефект и резултати, би било добро да го вклучиме семејството и пријателите и заедно да започнеме со новото секојдневие.
Промената кон здравите животни навики најлесно може да се поттикне од семејството. По примерот на родителите, децата многу полесно ќе ги прифатат и следат нивните навики и начин на однесување, доколку ве гледаат како секој ден внесувате здрави намирници, вежбате, и се придржувате кон здравиот начин на живот. Доволно е кога ќе го отворат фрижидерот, изборот да им биде здрави, хранливи производи.
Затоа, менувањето на начинот на живот и воведувањето нови навики и дневни рутини иако не секогаш на почеток е лесно, најмногу зависи од нас самите, нашата волја и желба да живееме здраво, да внесуваме витаминска храна и да направиме правилен избор за себе и за семејството.
* ПР - објава