Здравко Чолиќ „фатен“ по долна облека во парк: Има логично објаснување за овој малку незгоден момент (ВИДЕО)
Здравко Чолиќ е снимен за време на вежбањето во парк во Белград, а камерите го уловија моментот кога решил да ги соблече панталоните за да ги олесни вежбите.
Популарниот пејач Здравко Чолиќ е голем миленик на жените, а се труди да остане во топ форма и во осмата деценија.
Па така, камерите на емисијата „Папарацо лов“ го „уловија“ додека вежбал во парк во Белград, а интересно е тоа што е забележан во еден малку незгоден момент.
Имено, откако трчал и се истегнал, морал даа ја поправи облеката, поради што ги спуштил тренерките и опуштено на сите им ја покажал долната облека. Чола не обрнувал внимание на камерите и љубопитните погледи, туку си продолжил со тренингот.
фото: Принтскрин / Инстаграм / Јутјуб